Во фер и натпреварувачка атмосфера од 09.06 до 12.06.2022 година, во Хотелскиот комплекс Метропол се одржаа 27-мите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. Оваа година, учество зедоа над 420 учесници на Синдикатот на УПОЗ од 35 синдикални организации и тоа од:

  • Основен суд Куманово
  • Основен суд Кочани
  • Државен пазарен инспекторат
  • Јавните обвинителства на РСМ
  • Државен инспекторат за земјоделство
  • Казнено поправна установа Затвор Штип
  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Државен завод за ревизија
  • Управата за јавни приходи
  • Државен инспекторат за шумарство и ловство
  • Општина Крива Паланка
  • Основен суд Велес
  • Јавно претпријатие Стрежево Битола
  • Основен суд Кавадарци
  • Агенција за катастар на недвижности
  • Државен завод за статистика
  • Агенција за вработување на РСМ
  • Општина Струмица
  • Општина Гевгелија
  • Општина Гази Баба
  • Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Основен граѓански суд Скопје
  • Град Скопје
  • Основен суд Штип
  • Основен суд Струмица
  • Основен суд Берово
  • Основен суд Делчево
  • Општина Карпош
  • Општина Демир Хисар
  • Општина Велес
  • Царинска управа на РСМ
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • Министерство за финансии
  • Општина Битола
  • Дирекција за заштита и спасување.

Временските услови не беа наклонети на натпреварувачите, но Организациониот одбор се погрижи натпреварите во кошарка и одбојка да се одриграат во спортската сала Биљанини извори, а дисциплината мал фудбал се одигра во балонот на спортскиот центар Климент Колевски.

Севкупен победник во машка конкуренција беше екипата на Општина Карпош со освоени осум поени, а севкупен победник во женска конкуренција беше екипата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со освоени 13 поени.   

Севкупен победник на 27-мите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ беа Град Скопје со освоени 21 бод.

Свеченото отворање се одржа на терасата на хотел Белви а претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски ги поздрави учесниците и ги отвори спортските игри. И оваа година, подржувачи на Синдикатот на УПОЗ беа Кожуфчанка, Винарија Тиквеш, Скопска пивара и Кроација осигурување.

За помасовно учество, шест синдикалните организации ја искористија можноста која ја дава Солидарниот фонд, и искористија вкупно 404.200,00 денари позајмици.

Третата вечер беше резервирана за доделување, за што беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава.

Врз основа на искажувањата и впечатоците на сите учесници, можеме да констатираме дека имавме успешни игри и средби.

Во просториите на Општина Демир Капија на ден 20.05.2022 година, со кој се унапредија правата на вработените од работен однос во Општина Демир Капија.

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Демир Капија, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Јулијана Гацева од една страна и Градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Демир Капија.  

Овој колективен договор е мошне значаен за Синдикатот на УПОЗ, со оглед што синдикалната организација при Општина Демир Капија е нова синдикална организација која се приклучи кон Синдикатот на УПОЗ. Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди итн.

Во периодот кој следи, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.

Денес 21.04.2022 година (петок), во организација на Вице примиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи, Министерот за труд и социјална политика Јованка Тренческа, Министерот за финансии Фатмир Бесими, Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири од едната страна и претседателот на ССМ Дарко Димовски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, претседателот на СГИП Иван Пешевски и шефот на кабинетот на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, во Владата на Р.Северна Македонија се одржа работен состанок на која се достави предлогот на Сојузот на Синдикати на Македонија за зголемување на платата во јавниот сектор во износ од 2.806,00 денари за сите вработени кои со порастот на минималната плата не го добија предвидениот износ.

Барањето за зголемување на платите во износ од 2.806,00 денари од страна на преставниците на ССМ за сите вработени во јавнио сектор, би се реализирало со нов ребаланс на буџетот. Со ова покачување кое пред се е солидарно ќе се амортиизраат ценовните шокови од зголемената инфлација со која се соочуваме.

На крајот се заклучи дека зголемувањето на платите во износ од 2.806,00 денари ќе се решава преку отпочнување на преговори за нов Општ колективен договор за јавниот сектор, во кое ќе се врати и правото на регрес за годишен одмор, право кое низ годините за оваа група на вработени не го остварувале.

На оваа средба исто така, од страна на преставниците на ССМ се покрена и прашањето за исплата на регресот за годишен одмор за целиот јавен сектор од 2023 година, право кое во овој момент го ужувааат само вработените во државната управа, право кое е обезбедено преку Гранскиот колективен договор кој е потпишан од страна на Синдикатот на УПОЗ во 2020 година.

Со оваа работна средба двете страни му даваат можност на социјалниот дијалог со што сите отворени прашања ќе се решаваат на маса и низ дијалог а преговорите ќе продолжат во текот на наредната недела, каде ќе се отпочне и со новата методологија за пресметка на платите.

Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 418
  • Посети на артикли 752401

Онлајн

Имаме присутни 139 гости и нема членови