Вчера 16.11.2022 година, во просториите на ССМ, се одржа работен состанок со претседателите на синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ од судовите на кој присутните беа запознаени со тековните активности кој Синдикатот на УПОЗ ги презема во овој период.

Претседателот Трпе Деаноски ги информираше присутните дека од месец септември од страна на Министерството за правда, е формирана работна група која работи на новиот текст на Законот за судска служба, во која Синдикатот на УПОЗ активно учествува со свој преставник. Претставникот на Синдикатот на УПОЗ во работната група, колешката Лилјана Зафирова од Апелациониот суд Скопје, има клучна улога креирањето на овој закон. За таа цел, Претседателот Деаноски побара од присутните, да ги запознаат членовите на синдикалните организации кои активно треба да даваат со цел да се направи подобар текст на Законот за судска служба.

Големо внимание на состанокот се посвети на актуелната измена на Законот за судска служба со кој се предвиде зголемување на платите на една категорија вработени во судовите за 15%. Се заклучи дека мора да се внимава исплатата на 15% да се изврши на правилен начин и дека ниту еден вработен не смее да биде оштетен со новата пресметка. Доколку се забележат било какви неправилности веднаш да се извести Синдикатот за да може благовремено да се реагира.

Бидејќи ова зголемување не ги опфаќа судските полицајци и помошно – техничкиот персонал, за наредната недела се закажа посебен состанок со припадниците на судската полиција за да се договори натамошното делување на оваа група вработени во однос на зголемувањето на платите.

Исто така, Претседателот Трпе Деаноски ги извести присутните дека во месец септември, на иницијатива на Синдикатот на УПОЗ беше одржана работна средба со претседателот на Врховниот суд Беса Адеми на која се разговараше за повеќе отворени прашња кои се однесуваат на судските службеници. Оваа средба беше иницирана од причини што, од изборот на нов претседател на Судскиот совет Павлина Црвенковска, на повеќе барања за средба на Синдикатот не се одзва на ниту еден повик за средба.

Денес 04.11.2022 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата шесста седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 292 неповратни барања во вкупен износ од 953.300,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања, на 04.11.2022 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата шесттата седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени осум барања барања кои во вкупен изнесуваат од 37.600,00 денари. Четири барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување, во вкупен износ од 16.000,00 денари. Исто така на седницата беа разгеледани и пет барања за парична позајмица за лекување и школување во вкупен износ од 134.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 02.09.2022 година до 04.11.2022 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 292 барања во вкупен износ од 953.300,00 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 20 барања во износ од 60.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 11 барања во износ од 110.000,00 денари
  • Парична помош за пензионирање – 33 барања во износ од 96.300,00 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – едно барање во износ од 3.000,00 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош во исклучителни случаи – едно барања во износ од 6.000,00 денари.
  • Парична помош за прваче – 226 барање во износ од 678.000,00 денари.

Од 26. до 28. октомври, во Охрид, Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ, одржа работилница насловена "Нова сила на младинското општество". 

На оваа работилница, учество зедоа 25 млади членови на Синдикатот на УПОЗ, кои преку работа во групи и неформално образование, разменија идеи за натамошниото делување на оваа секција. Целта на оваа работилница, беше да се обучат што повеќе млади членови, како да пристапат до младите лица во своите работни средини, и да го пренесат своето искуство за членувањето во Синдикатот. 

Во наредниот период очекуваме што повеќе млади вработени, да го препознаат Синдикатот како заштитиник на нивните права од работен однос, и да што повеќе млади се приклучат во синдикалното движење. 

Од 28 до 30 октомври, во Охрид, ќе се одржи 32-рата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ, на која тема ќе биде "Новини во Предлог - Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог - Законот за административни службеници како и нивната рефлексија врз правата на вработентие во управата, локалните самоуправи и правосудните органи". 

Повеќе од 100 учесници беа дел од првиот работен ден на 32-рата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ. 

На почетокот, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски ги поздрави присутните гости и учесници, по што се осфрна на актуелните предизвици со кои се соочува Синдикатот на УПОЗ и натамошното делување на Синдикатот. 

Во текот на утрешниот ден е планирано експертот на СИГМА Југослав Ѓорѓиевски, да ги запознае учесниците со новините кои ќе следат во Предлог - Законот за вработените во јавниот сектор и Предлог - Законот за административни службеници, по што е планирана и дискусија. 

За повеќе информации во врска со текот на оваа синдикална школа, ќе следат во наредните денови.