На 15.09.2020 година, Синдикатот на УПОЗ и Општина Демир Хисар претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при Општина Демир Хисар Игор Дамјановски од една страна и Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски од друга страна го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Демир Хисар. Со овој Колективен договор се уредува статутот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Општина Демир Хисар.
Со оваа активност Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со активностите за потпишување повеќе колективни договори на ниво на работодавач. Колективниот договор за вработените во Општина Демир Хисар содржи општи одредби, обврски на вработените, права на вработените и нивата положба, надоместоци на плата и други примања, услови за работа и делување на синдикалната организација, одредби за остварување на право на штрајк, одредби за одговорности за вршење на работни задачи, но и други важни прашања поврзани со правата на вработените во Општината.
За непречено и активно работење на Синдикалната организација многу значаен е делот каде што се регулирани условите за работа и делување на синдикалната организација при што е наведено дека работодавачот е должен да создаде услови за работата на Синдикалната организација во врска со заштита на правата на вработените од работниот однос, утврдени со закон, и со овој колективен договор.
Со потпишувањето на овој Колективен договор, Синдикатот на УПОЗ уште поинтензивно продолжува со потпишувањето на колективни договори на ниво на работодавач со цел уште повеќе да ги унапредат правата од работен однос на поголем број вработените.
Подготовките за онлајн тренингот “ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА” кои ќе го спроведува Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ и Синдикалниот центар за едукација и обуки е веќе во тек. 24 избрани учесници ќе имаат можност да научат и разменат мислења и искуства за почитување на човековите и работничките права во вонредни ситуации преку онлајн предавања, дискусии и консултации, дискутирање за моменталната состојба во нашата земја, феноменот што дополнително влијаеја на (не) почитување на работничките права, но и механизмите за одговор на овие сите необични околности кои се предизвикани од пандемијата КОВИД - 19.
Изминатите шест месеци уште еднаш ја покажаа важноста за постојана промоција и заштита на човековите права и посочија дека сите оние вредности што не се заштитени на дневна основа се многу подложни на предизвикот да бидат загрозени. Покрај тоа, во претходниот период, многу млади работници не беа во можност да добијат соодветни информации за тоа како да ги заштитат своите права во итни ситуации и кои механизми на заштита им се на располагање. На почетокот на месец октомври, ќе разговараме токму за тоа.
Младите учесници ќе имаат можност да ги споделат своите искуства за работничките права за време на пандемијата, но и да добијат корисни информации за тоа како да реагираат или како да го пренесат стекнатото знаење на своите врсници со употреба на дигитални технологии.
Исто така, учесници ќе бидат запознаени со воведување на механизам за редовни консултации со правен експерт, кој благодарение на активноста “ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА” ќе им ги стави на располагање своите знаења и совети, како и понатамошно самостојно ангажирање преку подготовка на работилници преку Интернет за врсници од нивните синдикални организации но и сеопфатна кампања преку Интернет за заштита на работничките права на младите во итни случаи.
Ако сте заинтересирани да ги споделите вашите искуства, но и исто така научите повеќе за работничките права на младите во вонредни околности, опасностите и заштитните механизми, ако сте под 35-годишна возраст а и заинтересирани да ги пренесете своите корисни информации на вашите врсници, пријавете се на следниов линк https://forms.gle/ucKknv17ukmDDsu36 за да ви испратиме детални информации.
Пријавата за учество ќе биде отворена до 25-ти септември.
Проектот “ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА” се спроведува со поддршка на Европската младинска фондација на Советот на Европа.
За време на здравствената криза, Синдикатот на УПОЗ за своите членови додели повеќе од 14.000 евра неповратна парична помош и 3000 евра позајмици. Исто така, со оглед да им се излезе во пресрет на заболените од вирусот Ковид 19, Синдикатот на УПОЗ одлучи на сите заболени членови кои ќе достават позитивен тест да им одобри неповрата парична помош во износ од 6.000 денари по член 28 од Правилникот за солидарен фонд.
На 01.09.2020 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 27-ма седница на која беа разгледани барањата по најразлични основи и беше одобрена неповратна парична помош во износ од 74.000 денари и 30.000 денари позајмици.
Во период помеѓу двете седници од 11.02.2020 година до 01.09.2020 година, поради здравствената состојба, Комисијата за солидарен фонд не беше во можност да се состане, па затоа стручните служби на Синдикатот на УПОЗ со цел да нема застој во работата и остварување на правата од Правилникот за солидарен фонд, ги работеа сите пристигнати предметите и беше исплатена неповратна парична помош во износ од 894.700 денари и тоа:
И за време на здравствената ситуација, покрај правата од работен однос, членовите на Синдикатот на УПОЗ ги остваруваа и правата од Правилникот за солидарен фонд.