Денес во Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на работниците од управата правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) имаа работна средба во врска со неколку актуелни прашања.

На средбата претседателот Пецо Грујовски го информираше министерот Јетон Шаќири за одредени проблеми и дилеми како и погрешното толкување на некои одредби од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните установи и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во таа смисла на состанокот уште еднаш беше потенцирано дека одредбите од Колективниот договор мора доследно да се почитуваат. Некои работодавачи се уште на вработените не им исплаќаат патни и дневни трошоци, не ја почитуваат одредбата за флексибилно работно време а Владата, според наши сознанија нема предвидено средства со ребалансот на Буџетот за 2020 година.

Исто така, Министерството за финансии не го консултира Синдикатот на УПОЗ (согласно член 15 став 3 од Гранскиот колективен договор) во врска со ребалансот како и за Буџетот за 2021 година.

Заради доследна примена, особено во делот на паричните побарувања, беше договорено во наредните денови да се оствари средба со Министерството за финансии пред кого ќе бидат изнесени овие прашања со барање за доследна примена на Гранскиот колективен договор со цел да се надминат недоразбирањата и да не се доведат вработените во состојба своите права да ги реализираат преку суд.

Вчера заврши 31.вата синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ на тема “АНАЛИЗА НА ГРАНСКИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР И ПОСЕБНИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ НА НИВО НА РАБОТОДАВАЧ”.  Учество зедоа над 100 учесници, а радува фактот што учествуваа и претставници на работодавачите со цел да се запознаат во врска со практичната примена и толкување на колективните договори.

На 31.вата синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ, учесниците разговараа и разменуваа мислења а проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет и Билјана Жагар Николовска советник за административни работи при Министерството за информатичко општество и администрација практично ги пренесоа своите искуства, а судијата Хилда Мешкова од Граѓанскиот суд Скопје низ практични примери ги запозна присутните доколку дојде до судски постапки.  

Покрај темата која се покажа доста интересна, третиот ден беше одржана и кратка презентација од Халк Банка, која подготви понуда само за членовите на Синдикатот на УПОЗ која ќе биде поставена по потпишување на договорот на веб страната на Синдикатот на УПОЗ. Исто така беше одржана и презентација од Халк Осигурување, која ги презентираше пакетите за приватно здравствено осигурување, што побуди интерес кај присутните.

На оваа синдикална школа, покрај едукативниот дел, третиот ден беше резервиран за доделување на плакети и признанија на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Плакети за успешна работа на Гранскиот колективен договор добија членовите на работната група:

  • Трпе Деаноски - Генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ;
  • Зоран Георгиевски - Државен завод за статистика и
  • Алекандар Диље - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исто така, со оглед што во последниве неколку години, беа потпишани повеќе посебни колективни договори на ниво на работодавач, на оваа синдикална школа беа доделени благодарници за следниве членови:

  • Љубиша Јовановски - претседател на СО при Агенција за катастар на недвижности;
  • Виктор Рајковски - претседател на СО при ЈП Службен весник на Р.С. Македонија
  • Амир Шеји - претседател на СО при Општина Струга
  • Вулнет Мурсели - претседател на СО при Фонд за здравствено осигурување на Р.С. Македонија
  • Бранко Аџигогов - заменик претседател на СО при Фонд за здравствено осигурување на Р.С. Македонија
  • Васко Арсов - претседател на СО при Државен инспекторат за земјоделство
  • Зоран Павловски - претседател на СО при Општина Крива Паланка
  • Тони Апостоловски - претседател на СО при Царинска управа на Р.С. Македонија
  • Гордана Максимовска - претседател на СО при Општина Карпош
  • Добри Петров - претседател на СО при Општина Гази Баба
  • Димитар Гаќев - претседател на СО при Државен инспекторат за градежништво и урбанизам
  • Александар Алексовски - претседател на СО при Општина Кисела Вода
  • Лидија Неделковска - претседател на СО при Општина Центар и
  • Игор Дамјаноски - претседател на СО при Демир Хисар.

Од 02 до 04 октомври 2020 година, во Охрид, во хотел Метропол ќе се оджи 31-та синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ на која главна тема се колективните договори и нивната примена.

Оваа година, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) ќе ја одржи својата 31-ва синдикална школа со тема Анализа на гранскиот колективен договор и посебните колективни договори на ниво на работодвач.

Темата е од исклучително значење за Синдикатот на УПОЗ со оглед што во месец февруари 2020 година, по две години преговарање, се потпиша Гранскиот колективен договор за за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија а некои работодавачи отвораат дилеми за одредени прашања и даваат погрешни толкувања.

Затоа целта на оваа синдикална школа низ предавањата на еминентни стручњаци е да се продискутираат сите евентуални забуни, дилеми и недоразбирања со цел и претставниците на Синдикатот и работодавачите да дојдат до полесна и целосна примена на колективниот договор.

Предавачи на оваа синдикална школа ќе бидат проф.д-р Лазар Јовевски – професор на правниот факултет Јустинијан први, Билјана Жагар Николовска – советник за администрација при Министерството за информатичко општество и администрација и Хилда Мешкова – судија во Граѓанскиот суд.

Синдикалната школа е подготвена по сите сите здравствени протоколи.  

По вчерашната реакција на Синдикатот на УПОЗ во врска со времената Одлука за промена на работното време, Владата на Р.С. Македонија ја стопираше истата.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Владата на Р.С. Македонија: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, после извршените консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Владата, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.

До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7.30 и 8.30 до 15.30 и 16.30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.”