Подготовките за онлајн тренингот “ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА” кои ќе го спроведува Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ и Синдикалниот центар за едукација и обуки е веќе во тек. 24 избрани учесници ќе имаат можност да научат и разменат мислења и искуства за почитување на човековите и работничките права во вонредни ситуации преку онлајн предавања, дискусии и консултации, дискутирање за моменталната состојба во нашата земја, феноменот што дополнително влијаеја на (не) почитување на работничките права, но и механизмите за одговор на овие сите необични околности кои се предизвикани од пандемијата КОВИД - 19.

Изминатите шест месеци уште еднаш ја покажаа важноста за постојана промоција и заштита на човековите права и посочија дека сите оние вредности што не се заштитени на дневна основа се многу подложни на предизвикот да бидат загрозени. Покрај тоа, во претходниот период, многу млади работници не беа во можност да добијат соодветни информации за тоа како да ги заштитат своите права во итни ситуации и кои механизми на заштита им се на располагање. На почетокот на месец октомври, ќе разговараме токму за тоа.

Младите учесници ќе имаат можност да ги споделат своите искуства за работничките права за време на пандемијата, но и да добијат корисни информации за тоа како да реагираат или како да го пренесат стекнатото знаење на своите врсници со употреба на дигитални технологии.

Исто така, учесници ќе бидат запознаени со воведување на механизам за редовни консултации со правен експерт, кој благодарение на активноста ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА ќе им ги стави на располагање своите знаења и совети, како и понатамошно самостојно ангажирање преку подготовка на работилници преку Интернет за врсници од нивните синдикални организации но и сеопфатна кампања преку Интернет за заштита на работничките права на младите во итни случаи.  

Ако сте заинтересирани да ги споделите вашите искуства, но и исто така научите повеќе за работничките права на младите во вонредни околности, опасностите и заштитните механизми, ако сте под 35-годишна возраст а и заинтересирани да ги пренесете своите корисни информации на вашите врсници, пријавете се на следниов линк https://forms.gle/ucKknv17ukmDDsu36  за да ви испратиме детални информации.

Пријавата за учество ќе биде отворена до 25-ти септември.

Проектот ЗАШТИТЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ВАШИТЕ ПРАВА се спроведува со поддршка на Европската младинска фондација на Советот на Европа.

#eyfcoe 

За време на здравствената криза, Синдикатот на УПОЗ за своите членови додели повеќе од 14.000 евра неповратна парична помош и 3000 евра позајмици. Исто така, со оглед да им се излезе во пресрет на заболените од вирусот Ковид 19, Синдикатот на УПОЗ одлучи на сите заболени членови кои ќе достават позитивен тест да им одобри неповрата парична помош во износ од 6.000 денари по член 28 од Правилникот за солидарен фонд.

На 01.09.2020 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 27-ма седница на која беа разгледани барањата по најразлични основи и беше одобрена неповратна парична помош во износ од 74.000 денари и 30.000 денари позајмици.

Во период помеѓу двете седници од 11.02.2020 година до 01.09.2020 година, поради здравствената состојба, Комисијата за солидарен фонд не беше во можност да се состане, па затоа стручните служби на Синдикатот на УПОЗ со цел да нема застој во работата и остварување на правата од Правилникот за солидарен фонд, ги работеа сите пристигнати предметите и беше исплатена неповратна парична помош во износ од 894.700 денари и тоа:

  • парична помош за новороденче - 50 барања во износ од 150.000 денари;
  • парична помош за прваче - 9 барања во износ од 27.000 денари;
  • парична помош за смрт на член на Фондот - 7 барања во износ од 140.000 денари;
  • парична помош за смрт на член на потесно семејство - 20 барања во износ од 200.000 денари;
  • парична помош за заминување во пензија - 50 барања во износ од 147.000 денари;
  • парична помош по член 28 - 24 барања во износ од 144.000 денари (од кој 22 барања се парична помош за заболени од Ковид 19);
  • парична помош по боледување, лекување, елементарна непогоди - 10 барања во износ од 86.300 денари;
  • парични позајмици за лекување - 7 во износ од 192.000 денари.

И за време на здравствената ситуација, покрај правата од работен однос, членовите на Синдикатот на УПОЗ ги остваруваа и правата од Правилникот за солидарен фонд.

Од февруари 2020 година, секцијата на Млади при Синдикатот на УПОЗ заедно со младите членови од синдикатите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Грција, го имплементираат проектот СИНДИКАТИТЕ И НИВНИТЕ СЕКЦИИ ЗА МЛАДИ - НОВИ ДВИГАТЕЛИ НА МЛАДИНСКОТО ДВИЖЕЊЕ, со што целта е да се приклучат што повеќе млади вработени во Синдикатите и истите да бидат двигатели на синдикалното движење.

Ова лето беше одржана и работилница, на која младите ги сублимираат резултатите од истражувањето кое беше спроведено во месец април. На работилницата, младите од секциите  ги препознаа слабостите, но која е улогата на Синдикатот, како и кои се можностите на синдикатот да ги заштитат вработените а голем акцент се стави на подобрувањето на позицијата на секциите на млади, со што би се слушнал повеќе нивниот глас и би биле креатори на политиките внатре во синдикатите.

Презентации, летоци, видео клипови но и работилници се она што младите синдикални активисти го подготвуваат за наредниот период, со што целта е да се допре до нивните врсници кои уште се скептици за тоа што е синдикат и што истиот може да направи за нив.

Проектот СИНДИКАТИТЕ И НИВНИ СЕКЦИИ ЗА МЛАДИ - НОВИ ДВИГАТЕЛИ НА МЛАДИНСКОТО ДВИЖЕЊЕ, е со поддршка од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

Во периодот кој следи, ќе биде одржана и online конференција, на која ќе се договорат натамошните активности во врска со овој проект.

На линкот може да ја погледнете и презентацијата (кликни тука).

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) на 19.06.2020 година во пресрет на Парламентарните избори, писмено се обрати до Државната изборна комисија (ДИК), со барање да се исплатат поголеми награди за учесници во изборниот процес. ДИК го прифати барањето на Синдикатот на УПОЗ и донесе одлука за наградување на членовите на избирачките одбори и комисии.

Имајќи ја во предвид здравствената ситуација во која се наоѓа нашата држава, Синдикатот на УПОЗ побара од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита во Државната изборна комисија, но и за учесниците во изборните процеси, односно административните работници.

После еден месец од одржувањето на Парламентарните избори, ДИК на 07.08.2020 година, донесе едногласна одлука за зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори за 100%, за членовите на општинските изборни комисии за 20%, а за здравствените работници кои учествуваа во изборниот процес да добијат по 6.000 денари.

Овие износи не се награда за сработеното, туку надомест кој секој учесник во изборниот процес професионално и успешно го изработил, за време на најголемата здравствена криза како и неговата изложеност.

Синдикатот на УПОЗ поздравува оваа одлука на ДИК да се наградат учесниците во изборниот процес, со што уште еднаш се докажа дека административците знаат и умеат да спроведат изборни процеси и во иднина ќе бидат главен двигател за нашата држава на патот кон Европската унија.