Согласно член 21 од Гранскиот колективен договор Владата на С. Македонија беше должна регресот за годишен одмор да го исплати до 31.12.2020 година. Со оглед што до овој рок Владата не ја исполни обврската, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Европската федерација на синдикатите до јавниот сектор (ЕПСУ), во која е членка повеќе од 25 години. Во писмото кое ЕПСУ деновиве го испрати до Владата децидно ја повикува на почитување на Гранскиот колективен договор и исплата на регресот за годишен одмор.

Намерата на Владата да не го почитува член 21 од Гранскиот колективен договор во кој е предвиден регрес за годишен одмор за 2020 година, беше предочена во понудениот Анекс на Колективниот договор од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), со кој се бараше Синдикатот на УПОЗ да се откаже од правото на регрес за годишен одмор за 2020 година. Овој Анкес беше одбиен од Синдикатот на УПОЗ, а на седницата на Претседателството на Синдикатот едногласно беше заземен став и во иднина да не се прифаќаат вакви неиздржани предлози. Синдикатот на УПОЗ до МИОА и Владата достави како одговор свои предлози за исплата на регресот за годишен одмор - одложено плаќање, исплати на рати или исплата само на членовите на Синдикатот на УПОЗ.

Овие предлози не беа прифатени од страна на Владата. Поради тоа што не беа направени никакви измени на Гранскиот колективен договор и со тоа правото за регрес на годишен одмор за 2020 година, не е изгубено. Ова право застарува за три години, период во кој секој вработен може да го оствари по судски пат. Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе прави напори Владата да го почитува Колективнниот договор и да го исплати регресот за годишен одмор, а со тоа и да не се прават дополнителни трошоци на Буџетот на државата преку трошоците од евентуалните судски постапки, а и да не ги изложува вработените на судски постапки и трошоци.

Во прилог Ви ги пренесуваме писмото на Синдикатот на УПОЗ упатено до ЕПСУ и писмото од ПСУ испратено до Владата на С. Македонија (превод и оригинал) заради навремено информирање на нашите членови.

Решавање на проблемите на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните домови и подобрување на условите и средствата за работа, примена на одредбите од Гранскиот колективен договор и Законот за извршување на санкции, активностите околу потпишување на Колективниот договор за КПУ И ВПУ, беа дел од прашањата за кои се разговараше со Директорот на управата за извршување на санкции Маријан Спасовски.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски, проследија низа барања и го запознаа директорот на Управата за извршување на санкции со проблемите со кои се соочуваат вработените во КПУ и ВПУ.

На оваа средба беше констатирано дека со измените на Законот за извршување на санкции се подобрија одредени права на вработените во КПУ и ВПУ но се уште постојат отворени прашања кои се провлекуваат со години и кои конечно е потребно да се решат.

Директорот на управата за извршување на санкции изрази спремноста за соработка и обновување на социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ и истакна дека во Синдикатот на УПОЗ како репрезентативен Синдикат гледа сериозен партнер и коректор на работата ба Управата за извршување на санкции.

Од негова страна беше потенцирано дека веќе се започнати сериозни чекори за набавка на нова опрема за работа и нови униформи и истакна уверување дека за неколку месеци овој долгогодишен проблем ќе биде решен.

Двете страни се согласија дека соработката помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Управата за извршување санкции во иднина треба да продолжи со засилен интензитет со цел остварување, заштита и подобрување на правата на вработените во КПУ и ВПУ.  

 

Почитување на одредбите на Гранскиот колективен договор и поединечните колективни договори, непреченото остварување на правата кои призлегуваат од нив (исплата на регрес за годишен одмор, дневници за службени патувања во земјата) и начинот на утврдување на репрезентативност на синдикатите, беа дел од прашањата за кои се разговараше на првата средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

На барање на Синдикатот на УПОЗ, Претседателот на Синдикатот Пецо Грујовски, и Генералниот секретар Трпе Деаноски ја одржаа првата работна средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Главен акцент на средбата беше ставен на доследната примена и почитувањето на сите одредби од Гранскиот колективен договор како и поединечните колективни договори на ниво на работодавач.Особено се разговараше и околу евентуалните проблеми кои можат да настанат во врска со исплатата на додатоците и надоместоците на плата од причини што, ниту во ребалансот на Буџетот за 2020 ниту во Предлог -  Буџетот за 2021 година не се предвидени средства за регрес за годишен одмор и дневници за службени патувања во земјата. Во тој контекст беше реагирано и за непочитувањето и на други одредби од колективните договори, како што е учеството на Синдикатот при донесувањето на Буџетот, учество во хоризонталната функционална анализа и вклучување на Синдикатот како рамноправен социјален партнер.         

Исто така на средбата стана збор и за проблемите поврзани со утврдувањето  на репрезентативноста на синдикатите согласно одредбите на Законот за работните односи, односно согласно националната класификација на дејности и беше побарано да се предвиди нов акт по кој синдикатите би ја добивале репрезентативноста.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека социјалниот дијалог и  социјалното партнерство ќе се почитуваат и уште повеќе ќе се надградуваат и дека голем број на прашања ќе се решат со изготвување на новиот Закон за работните односи.

Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ во изминативе години од неговото форимрање (1996 година) до денес, максимално придонесуваше во подобрувањето на стандардот на неговите членови. Тој се афирмираше како вистинска потпора, секогаш да им биде на располагање на своите членови, во моменти кога им е потребна солидарност, да им се доделат неповратни средства по разни основи на оние на кои навистина им се потребни, но и да им додели бескаматни позајмица.

Така, Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, останува забележан и како единствен синдикат во Македонија, кој меѓу другото, во два наврати им исплати солидарна помош на неговите членови кои штрајкуваа во 2000/2001 година (80 дена) и 2016 година (60 дена).

Својата функција Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ особено ја истакна и годинава со почетокот на пандемијата на вирусот Ковид – 19. Па така, сите заболени членови добиваат соодветна неповратна помош. Со почетокот на пандемијата, почнувајќи од месец април одобрени се 164 барања по основ на парична помош за заболени од вирусот Ковид 19 и исплатени се средства во вкупен износ од 843.000 денари.

Продолжувајќи ги активностите Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ на 02.12.2020 година ја одржа својата 30-та сединца на која беа разгелдани барања на членовите по разни основи. Седум барања беа поднесени и одобрени по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 44.300 денари. Шест барања беа за парична помош по разни основи и беа одобрени 30.500 денари. Шест барања беа за парична помош позајмица (школување и леквуање) во износ од 162.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 20.10.2020 година до 01.02.2020 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 186 барања во вкупен износ од 888.300 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 14 барања во износ од 42.000 денари
  • Парична помош за прваче – 43 барања во износ од 129.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – 5 барања во износ од 100.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 3 барања во износ од 30.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – 11 барања во износ од 32.300 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 109 барања во износ од 525.000 денари (од кои 108 барања се за исплата на парична помош за заболени од Ковид – 19)
  • Парична позајмица за лекување – едно барање во износ од 30.000 денари.

Со досега исплатените средства, уште еднаш се покажува големата солидарност меѓу членовите на Синдикатот на УПОЗ со цел да се помогне во моменти кога тоа им е најпотребно.

Солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи состојбата и да им помага на своите членови кои поднесуваат барање за неповратна помош или позајмица и ги исполнуваат условите согласно во Правилникот за солидарен фонд.